Сајтот WABetaInfo објави дека на популарната платформа WhatsApp се појавуваат се повеќе измамници кои имаат за цел да добијат кориснички сметки.
Наводно, некои корисници добиле сомнителна порака од сметки кои се претставувале како поддршка за корисници на WhatsApp. За среќа, корисниците го пријавиле ова бидејќи мислеле дека е обид за кражба на податоци.
WABetaInfo истакнува дека е важно да откриете дали разговарате со вистинската поддршка за корисници или со измамници и според нив, тоа е лесно да се утврди. Ако ги погледнете информациите за контакт, има ознака до името, а не на фотографијата на профилот.
Fake WhatsApp accounts are posing as WhatsApp Support!
Be careful when suspicious accounts send you a message on WhatsApp: they may also pretend to be from the official WhatsApp Support.https://t.co/hHx5vDwo6s
— WABetaInfo (@WABetaInfo) April 23, 2022
Покрај тоа, измамниците секогаш ќе ве прашуваат за некои лични податоци – број на кредитна картичка или шестцифрен број за најавување на WhatsApp. Од друга страна, WhatsApp нема да бара од вас PIN, пари или други доверливи информации.
Се препорачува, во случај да сретнете измамници, да ја блокирате таа сметка и да ја пријавите. Исто така, измамниците, покрај корисничката поддршка за WhatsApp, можат да ги имитираат и пријателите или членовите на семејството на корисникот.