Руското надзорно тело за телекомуникации Роскомнадзор вчера објави дека ќе го казни Google за кршење на руските закони, пренесе Ројтерс.
Роскомнадзор го обвинува YouTube дека станал „една од главните платформи за ширење лаги и лажни слики за текот на специјалната воена операција на територијата на Украина, како и за дискредитација на вооружените сили на Руската Федерација“.
Оттаму наведуваат дека мерките против Google, кој е во сопственост на компанијата Alphabet, ќе останат во сила додека не се усогласи со руските закони. Google сè уште не одговорил на барањето за коментар.
Минатиот месец Русија побара од Google да престане да шири, како што ги нарече, закани против руските граѓани.
Роскомнадзор, исто така, ја блокираше информативната служба на Google во март, обвинувајќи ја дека дава пристап до лажни материјали за воена операција во Украина.