Компанијата Poco денеска го претстави своето ново лого и маскота, а тоа засега е ексклузивно за индискиот оддел на овој бренд.

Освен логото и маскотата, претставен е и новиот слоган кој гласи „Mad of Mad“.

Маскотата изгледа како комбинација на познатите емотикони.

„Ореолот претставува добрина. Ние сме луди, но со цел. Антените ја покажуваат злобната страна на лудилото, се чини дека нашата маскота може телепатски да го шири лудилото. Очите претставуваат несклад со ореол на врвот. Триаголна уста укажува на нашата остроумност”, се наведува во описот на маскотата која ја претстави Poco.

Poco го почна својот живот како подбренд на Xiaomi во 2018 година и беше наменет за ентузијастite со ограничен буџет. Минатата година Poco стана независен и сега работи одвоено од Xiaomi. Сепак, и натаму го дели производството и хардверот со уредите на Xiaomi, а некои телефони на Poco се всушност ребрендирани уреди на Xiaomi.

Poco сега е третиот најголем бренд за паметни телефони во Индија.