Паметните очила со дигиталниот асистент Alexa се достапни за продажба ширум светот. Најпрвин беа означени како производ „Ден први“, направени во ограничени количини и достапни со специјална покана. Сега, малку повеќе од една година подоцна, Echo Frames очилата се достапни за сите.

Исто така, за тоа време се направени многу унапредувања. На првиот модел звучници беа така позиционирани што сите во вашата близина можеле да слушаат одговорите, додека новиот модел автоматски ја прилагодува јачината на звукот во зависност од тоа колку гласно е во вашата околина. Од Amazon наведуваат дека го подобриле и времетраењето на батеријата за 40 проценти. Една од позначајните функции која влијаела на тоа е „auto off“, исклучлување на очилата доколку ги свртите наопаку и така ги оставите да стојат подолго од три секунди.

Echo Frames и натаму имаат VIP филтер кој ве известува само за одредени апликации и луѓе, а сега е додадена поддршка за групни пораки, но и календари. Со софтверските подобрувања е унапредена и надворешноста, па сега покрај во црна боја, се нудат и во зелена и сина.

Сепак, унапредувањата ја „унапредија“ и цената, па сега очилата чинат 250 долари, што е 70 долари повеќе во однос на првиот ден. Со моментната претпродажба, Echo Frames ќе пристигнат до корисниците на 10. декември.

Uz trenutnu pretprodaju, na adrese mušterija Echo Frames se šalju od 10. decembra.