Информациите за Samsung Galaxy S21 телефоните се се почести, како што се приближуваме до објавата на уредите. Откако пред неколку дена Galaxy S21+ се појави на првите фотографии, телефонот сега е забележан и во видео.

Снимката со должина од околу четири минути ја објави YouTube каналот Random Stuff 2 и нуди прв подетален приказ на Galaxy S21+ моделот. Она што е најбитно, го потврдува сето она што досега го знаевме за смартфонот.

Највидливарта визуелна измена во однос на Galaxy S20 линијата се тенките рамки околу дисплејот. Претстојниот уред ќе има 6,7-инчен 120Hz екран, а иако не нуди побитни подбрувања во спецификациите, забележано е намалувањето на дебелината на рамките во однос на претходната серија.

Видеото покажува дека за Galaxy S21 серијата е планиран нов дизајн на камерите. Galaxy S21+ на задната страна има три камери, а тие изгледа се позајмени од Galaxy S20. Подобрувањата на камерите се оечкуваат на софтверско поле.

Уредот прикажан во видеото е PVT (Production Validation Test) модел од претпроизводство, а финалниот модел ќе има мат црна завршница.

Лицето заслужно за ова видео тврди дека телефонот од следната генерација го користи 2-3 несели, додека дојавувачот Max Weinbach верува дека се работи за верзија на некој од операторите – T-Mobile или Metro.

Камерите не се тестирани во видеото, иако лицето од клипот истакнува дека не е посебно импресиониран од нив. Главната причина за ова е тоа што некои снимки имале преголема сатурација.

Во видеото е направен Geekbench бенчмарк тест. Моделот од видето изгледа користи Qualcomm Snapdragon 888 чипсет и оствари одлични 1115 поени во single-core тестот и 3326 поени во multi-core тест.

Се очекува дека Samsung ќе ја претстави Galaxy S21 серијата на 14. јануари, додека почетокот на испораките се очекува на 29. јануари.

 

Официјални тизери за Galaxy S21 серијата го потврдуваат новиот систем на камери (ВИДЕО)