Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, ги потврди веќе актуелните гласини, објавувајќи дека од верифицираните сметки ќе се наплаќаат по 8 долари месечно за да се задржат сините ознаки за верификација кои ја покажуваат нивната автентичност.

„Сегашниот систем на господари и селани на Твитер за оние со или без сина ознака е сра*е“, напиша Маск на Твитер.

„Моќ за луѓето! Сина за 8 долари месечно“, додавајќи дека цената ќе се приспособи по земја според паритетот на куповната моќ.

Маск наведе и неколку други карактеристики што ќе ги добијат претплатниците на услугата Blue, вклучително и „приоритет во одговорите, спомнувањата и пребарувањата“, што според него е „суштинско за да се победи спамот/измама“.

Претплатниците, исто така, ќе добијат можност да прикачуваат „видео и аудио клипови со долги форми“, да гледаат само половина повеќе реклами од претходно и да добијат можност да ги заобиколат „paywalls“ со „издавачите кои се подготвени да работат со нас“.

Тој додаде дека ова „ќе му даде на Twitter прилив на приходи за да ги награди креаторите на содржина“, пренесува Sputnik.