Роскомнадзор, регулаторот за комуникации во Русија, го блокираше агрегаторот за вести во земјата – Google News.
Руското регулаторно тело го обвини сервисот на Google дека обезбедува пристап до лажни материјали за операциите во Украина, пишува Reuters.
„Потврдивме дека одредени луѓе имаат потешкотии да пристапат до апликацијата и страницата на Google News во Русија, а причината не е технички проблем од наша страна“, се вели во соопштението на Google.
Google истакнува дека напорно работел за да ги направи достапни за корисниците во Русија услугите за информирање, како што е News, што е можно подолго.
Новите руски закони доведоа до криминализирање на дистрибуцијата на „намерно лажни информации“ за работењето на државните субјекти.
Извор: B92.net