Иако ниту еден од безбедносните пропусти не е означен како критичен, безбедносните експерти предупредуваат дека тие се уште се сериозни.

Google објави нова надградба за својот прелистувач Chrome, која поправа дури 27 безбедносни пропусти и ранливости. На корисниците им беше кажано дека ова ажурирање, кое ја носи постоечката верзија на Chrome на верзијата 104, не треба да се игнорира.

Како што наведоа, ажурирањето (а потоа и безбедносните закрпи) се однесуваат на сите корисници на Chrome, без разлика на уредот и оперативниот систем што го користат. Според некои проценки, околу 3,2 милијарди корисници користат Chrome за сурфање на Интернет.

Иако ниту една од 27-те закрпи не е означена како „критична“, дури седум се означени како „високо“, што значи дека може да се користат за напад на корисници. Колку се сериозни можеби најдобро говори фактот дека Google платил 43.000 долари на луѓето кои ги откриле и пријавиле.

Google изјави дека Chrome автоматски ќе се ажурира на новата верзија, но може да поминат неколку недели пред автоматското ажурирање да стигне до сите корисници. Затоа, тие ги советуваат корисниците рачно да го ажурираат својот прелистувач што е можно поскоро.

Со цел да проверат која верзија на прелистувачот Chrome ја користат и да ја ажурираат на најновата верзија, корисниците треба да го стартуваат Chrome на компјутерите и да кликнат на трите точки во горниот десен агол, потоа да ја изберат категоријата Помош/Help и потоа да ја изберат опцијата About Google Chrome. Ова автоматски ќе започне проверка за понова верзија на Google Chrome и, доколку е така, ќе ја ажурира.

За корисниците кои го користат на мобилни уреди, најлесниот начин за ажурирање е да проверат дали има достапни ажурирања во продавницата за апликации на уредот.