Кинеската мисија „Шенжоу-22“ лансирана е денеска, додека земјата се обидува да ги намали безбедносните ризици за својата програма за вселенски летови со екипаж и вселенската станица, откако претходно вселенско летало беше оштетено во орбитата порано овој месец.

Вселенското летало без екипаж „Шенжоу-22“ на кинеската вселенска станица „Тјангонг“ треба да го замени „Шенжоу-21“, кое мораше да се врати на Земјата шест месеци порано откако второто вселенско летало што се закачи на станицата беше оштетено. „Тјангонг“ и неговиот тричлен кинески екипаж се без вселенско летало за летање во случај на вонредна состојба веќе 10 дена, првпат откако станицата почна да работи кон крајот на 2022 година.

Оштетеното летало „Шенжоу-20“, кое требаше да го врати триото астронаути на 5 ноември, доживеа судир со вселенски отпад, па екипажот се врати со вселенскиот брод број 21. „Шенжоу-22“ беше лансиран денес од Центарот за лансирање сателити „Џиукван“ во северозападна Кина, како и сите други мисии со исто име.

Клучната разлика е што овој пат вселенскиот брод нема да има човечки екипаж, бидејќи само тројца астронаути можат да бидат на вселенската станица подолг период. Леталото „Шенжоу-23“ со екипаж е закажано да се лансира некаде околу април следната година.

Поради оштетувањето на вселенскиот брод „Шенжоу-20“, неговиот екипаж мораше да остане на станицата дополнителни десет дена со екипажот на новопристигнатиот вселенски брод „Шенжоу-21“, па станицата мораше да работи со својот максимален капацитет од шест астронаути подолго од вообичаеното времетраење на смената.

фото: принтскрин