Samsung својата Galaxy S20 серија ја лансира уште во февруари оваа година, а подоцн акомпанијата ја претстави Note 20 серијата. Сега сите очи се вперени во флегшип смартфонот Galaxy S21, што б требалод а биде лансиран во јануари следната година, а преднарачките да почнат од истиот месец. Веќе бевме сведоци на низа гласини, а сега нови рендери се појавија на интернет за да додадат уште информации за претстојниот премиум телефон. Покрај тоа, компанијата ќе ја лансира и следната генерација безжични слушалки Galaxy Buds наречена Galaxy Buds Pro.
Најновите прикази на Samsung Galaxy S21 протекоа од популарниот типстер Ice Universe. Тоа се CAD рендери кои го претставуваат дизајнот на идниот водечки уред. Протечените скици го прикажуваат Galaxy S21 во различни варијанти на бои. Бојата окриена во приказите изгледа многу софистицирано, иако нема потврда за нијансите на бои, и во овој момент не можеме ништо да очекуваме со сигурност.
Според приказите, Galaxy S21 е достапен во виолетови, сребрени, црни и бели тонови на бои. Поставката на задните камери на уредот изгледа ветувачки и се гледа дека паметниот телефон ќе има вертикално поставена тројна задна камера во горниот лев агол на задниот панел. Важно е да се напомене дека рендерите овој пат не покажуваат никаков испакнат модул за камерите, што значи дека можеме да очекуваме дека компанијата работи на рамен дизајн. LED блицот е чисто поставен покрај модулот на камерите, што изгледа доста премиум.