Првиот обид на Microsoft да го прилагоди работното опкружување на Windows за мобилните корисници и системот за команди на допир, датира уште од Windows 8 верзијата. Сепак, ниту корисниците, ниту Microsoft не беа задоволни, па со секоја наредна верзија на Windows, Microsoft се обидуваше да ги коригира недостатоците и конечно, целосната промена и напуштањети на стариот таблем режим, го донесе оперативниот систем Windows 11.
Ова е посебно забележително во последните неколку верзии на 11-ката, која им е на располагање на корисниците со Insider Preview налози и кои имаат можност да ги испробаат новите функции пред новата верзија на Windows да стане достапна за јавноста. Токму тоа се случува сега, па Windows 11 доби проширена листа на функции за „екраните на допир“. Подобрувањата вклучуваат нови гестикулации, потоа начинот на кој на корисникот му е дозволено да гледа два прозорци еден до друг кога работи во таблет режим итн. Можеби најважниот детал е сосема новиот таскбар, чие функционирање ќе биде прилагодено на командите на допир и работата на мобилните уреди.
Промената е огледува во тоа што е додадено повеќе простор помеѓу иконите за полесно за полесно да се активираат кога работите во таблет мод. Исто така, кога ќе покренете некоја апликација, таскбарот автоматски ќе се тргне од видното поле, но не во целост, туку и натаму ќе биде присутен во вид на тенка лајсна, доволно голема да прикаже информации за времето, статусот на мрежата, звукот и батеријата. Во исто време, сите икони и закачени кратенки на апликациите ќе исчезнат и ќе бидат скриени за да се ослободи работната површина. Со движење на прстот нагоре од дното на екранот или затворањето на прозорецот на активната апликација, повторно ќе се појави таскбар со поголеми икони.