Веќе во 2035 година се планира забрана за класичните бензински и дизел возила
Се повеќе земји ги најавуваат своите енергетски стратегии, а меѓу нив е и Јапонија која објави што ќе се случува во следните триесет години. Од 2035 година оваа земја планира забрана за класичните бензински и дизел возила, односно во продажба ќе можат да се најдат само хибриди, електрични и возила со водороден погон.
Јапонија планира да биде СО2 неутрална од 2050 година, што значи дека до тогаш во продажба нема да има ниту хибриди. Нормално за да се дојде до ова, Јапонија ја очекуваат големи инвестиции во енергетиката. Околу 2030 година, ќе се вложуваат околу 700 милијарди долари годишно во зелена енергија, а до 2050 година тие инвестиции ќе пораснат на околу 1,5 билиони годишно.