Одделот за правда на САД поднесе тужба против компанијата Google за наводно прекршување на федералниот закон, користејќи ја доминантната позиција на пазарот да ја угуши конкуренцијата.

Одделот за правда обвинува дека Google ја злоупотребил доминантната позиција за да одржи монопол во онлајн пребарувањето.

Google веднаш не ја искоментира тужбата, која претставува најзначаен легален предизвик во технолошкиот сектор во САД во повеќе од две децении.

Адвокатите за права на потрошувачите и законодавците долго време ја обвинуваат компанијата за злоупотреба на нејзината доминантна позиција, потценувајќи ја конкуренцијата, и на тој начин наштетувајќи им на потрошувачите и зголемувајќи го сопствениот профит.

Оваа тужба би можела да биде прва од многуте значајни владини акции против Силиконската дполина.

Одделот за правда и Федералната комисија за трговија, исто така, во моментов вршат истраги во Apple, Amazon и Facebook.

Висок економски советник на претседателот Доналд Трамп пред две години рече дека администрацијата размислува дали пребарувањето на Google треба да биде регулирано од Владата.