Во Македонија 30,3 проценти од граѓаните би се вакцинирале со руската вакцина Спутник V против коронавирусот, покажале резултатите од анкетата која ја спроведе новинската агенција Макфакс.

На прашањето која вакцина против Ковид-19 би ја избрале, третина од анкетираните ја избрале руската вакцина, но голем процент, односно 29,3 проценти изјавиле дека не би примиле ниедна вакцина, односно дека нема да се вакцинираат.

15 проценти од испитаниците рекле дека би се вакцинирале со кинеската вакцина Синофарм, за која македонскиот министер за здравство Венко Филипче рекол дека ќе пристигне во февруари во количини од 200.000 дози.

Нешто повеќе од една петтина, односно 11.3 проценти од Македонците се определиле за вакцината на Pfizer, додека за Moderna се изјасниле само 2,1 процент од испитаниците.

Најмалку од испитаниците се определиле за вакцината на AstraZeneka” или само 1,9 проценти. Оваа вакцина Македонија треба да ја прими преку системот Ковакс.

Анкетата е спроведена на 3-ти февруари на 6.578 испитаници.