Астероид кој одговара на големината на највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа, се движи со огромна брзина кон Земјата. Покрај нашата планета треба да мине во недела, на 29 ноември.

Овој гигант нема да остане долго покрај нас затоа што, и покрај големината, се движи со брзина од 90.000 километри на час. Поради споредба, просечната брзина на куршумот е околу 4500 километри на час.

Астероидот е со големина од 823 метри, што е за пет метри помал од висината на Бурџ Калифа во Дубаи. Тој нема да биде видлив за повеќето на Земјата, бидејќи е оддалечен повеќе од 4,3 милиони километри од нашата планета.

Во меѓувреме покрај Земјата ќе поминат уште пет астероиди, од кои најголемиот е со дијаметар од 47 метри.