Коронавирусот нема никогаш да исчезне, изјавил британскиот научник сер Патрик Валанс во неговото обраќање пред Домот на лордовите.

Валанс, кој е научник и клинички фармацевт, а од неодамна и главен советник за наука во британскиот Парламент, смета дека коронавирусот еден ден ќе биде прифатен исто како и грипот и дека  ќе се третира секоја година.

Валанс истакна дека министрите и експертите треба да престанат со нивните преголеми ветувања и да бидат реалисти кога станува збор за појавата на вакцината против коронавирусот.

„Најверојатно вакцината нема да се произведе пред пролетта“, изјавил Валанс.

Исто така, Валанс изјавил дека верува дека грипот и понатаму е најголемата закана за жителите на Велика Британија.

„Мислам дека малку е вероатно дека ќе имаме вакцина која во целост ќе го уништи вирусот. Многу е веројатно дека оваа болест ќе ја има и во иднина. Секако, со добро менаџирање и вакцинација, шансите за инфицирање со коронавирус ќе бидат драстично намалени. Но и по вакцинацијата, Ковид-19 и во иднина ќе се третира и многу ќе наликува на сезонскиот грип. Тоа е веројатно патот кон кој треба да се движиме“, објаснил Валанс.