Ауди ќе влезе во Формула 1 во 2026 година, но љубителите на популарната игра Ф1 22 веќе можат да возат автомобил во „превезот“ на германската марка.
Кога го најави влезот во Формула 1, Audi објави рендер на болидот во специјална „облека“, а сега може да го изберат оние кои ја играат видео играта F1 22.
Codemasters овозможи да се избере болидот на Audi преку Podium Pass Series 4 VIP, кој е достапен од 7 декември.
Директорот на Codemasters на Ф1 франшизата, Пол Џеа, ја изрази својата возбуда што студиото им ја понуди оваа новина на играчите.
Како што е познато, на почетокот на оваа година Audi официјално го најави своето враќање во Формула 1 во улога на снабдувач со мотори на тимот на Sauber, кој моментално работи во Формула 1 под името Alfa Romeo Racing.
Audi влегува во Формула 1 токму кога спортот воведува нови правила според кои моторите со внатрешно согорување целосно се префрлаат на синтетичко гориво.
Тестирањето ќе започне во 2025 година, а Audi ќе купи удел во тркачкиот тим. Сепак, сè уште нема детали за ова партнерство. Јасно е дека Audi ќе ги развива моторите, додека Sauber ќе биде задолжен за развој на автомобилите.
Иако зборуваме за рендери, благодарение на дизајнот и традиционалните бои, автомобилот на Audi привлече големо внимание во мотоспортот, а реакциите беа позитивни.
Веројатно ќе видиме автомобили на Audi за прв пат во 2025 година, а компанијата моментално работи на развој на мотори во фабриката Neuburg an der Donau.
Новите правила наложуваат автомобилите да трошат повеќе електрична енергија, што го прави спортот уште поблиску до одржливоста.
Играта F1 22 е во продажба од 1 јули и е достапна за конзолите Xbox One, Xbox Series X и S, PlayStation 4 и 5 и PC.
Доби генерално добри оценки и е официјална игра за шампионатите во Ф1 и Ф2.
Воведувањето на режимот на игра Eliminator е дефинитивно ново.