Јужнокорејскиот гигант го претстави својот прв тројно преклоплив телефон.
Galaxy Z TriFold е вистински пример за тоа што Samsung може да направи во сегментот на преклопни уреди, а доаѓа со најголем екран од кој било друг преклопен телефон Galaxy досега. Исто така, постојат и некои други трикови, како и премиум спецификации.
Samsung посвети голем фокус на развојот на двојните титаниумски шарки на моделот Z TriFold, а овој механизам овозможува екранот да биде целосно заштитен кога не се користи. За разлика од моделите Mate XT и Mate XTs на Huawei, надворешниот (cover) екран на Z TriFold се наоѓа на задната страна, додека двете страни на преклопниот екран можат да се преклопат кон центарот.
Гореспоменатиот преклопен екран има димензии од 10 инчи кога е целосно расклопен, со резолуција од 2160 x 1584 пиксели, променлива брзина на освежување од 1-120Hz и 1600 нити максимална осветленост. На десната страна има мал punch-hole отвор, каде што се наоѓа селфи камерата од 10MP.
[Video] Crafting Perfection: The Making of Galaxy Z TriFold
— Samsung Electronics (@Samsung) December 2, 2025
Надворешниот екран од 6,5 инчи има резолуција од 2520 x 1080 пиксели, иста променлива брзина на освежување од 1-120Hz и сооднос на страните од 21:9. Нуди до 2600 нити осветленост, е заштитен со Corning Gorilla Glass Ceramic 2, а исто така содржи и селфи камера од 10MP.
На полето на софтверот, Galaxy Z TriFold работи со OneUI 8, базиран на Android 16, со голем број мултитаскинг опции. Можно е да се стартуваат три апликации во полна големина во портретен режим, една до друга. Исто така, ова е првиот телефон на Samsung што го користи самостојниот Samsung DeX, кој овозможува интерфејс сличен на десктоп од Quick Settings панелоти. Во комбинација со глушец и тастатура, Z TriFold може да се користи и како преносна работна станица.
Една од најимпресивните карактеристики на телефонот е неговиот елегантен дизајн. Galaxy Z TriFold е дебел само 3,9 милиметри во најтенкиот дел, благодарение на рамката од алуминиум Advanced Armor. Тежи 309 грама, а кога е преклопен, неговите димензии се 159,2 x 75 x 12,9 mm. Како и другите преклопни телефони на Samsung, има IP48 сертификат за отпорност на прашина и вода.
Што се однесува до хардверот, Galaxy Z TriFold е напојуван од процесор Qualcomm Snapdragon 8 Elite for Galaxy, поврзан со 16GB RAM и 512GB или 1TB простор за складирање.
На задната страна се наоѓа систем со тројни камери, кој се состои од главен сензор од 200MP (ISOCELL HP2), телефото сензор од 10MP 3x и ултраширок сензор од 12MP.
Сето тоа е напојувано од батерија од 5.600mAh со три ќелии, распоредени во секој од трите задни панели на уредот. Батеријата поддржува жично полнење од 45W и безжично полнење од 15W. Samsung Galaxy Z TriFold ќе биде достапен само во една боја – Crafted Black.
Samsung потврди дека клиентите во Јужна Кореја ќе бидат првите што ќе го добијат уредот, а продажбата ќе започне на 12 декември. Цената на телефонот е околу 2.500 долари за моделот од 16GB/512GB. Достапноста на телефонот ќе се прошири и на други пазари подоцна.






