Scorn, кој е во развој долго време, требаше да излезе на 21 октомври, но ќе се појави една недела порано.
Српското студио Ebb Software го објави ова преку краток трејлер, насловен „You’ve waited long enough…“, кој потврдува дека играта ќе биде достапна од 14-ти октомври.
За оние кои не знаат, Scorn е атмосферска хорор авантура во прво лице сместена во кошмарен универзум со необични форми и средини.
Играчот ќе биде „фрлен“ во играта, изолиран и изгубен во свет каде што ќе истражува различни поврзани региони во нелинеарна игра.
Scorn првично требаше да се појави во 2014 година, но некои проблеми и неуспешната прва кампања на Kickstarter го забавија развојот на играта. Ebb Software потоа обезбеди некои приватни инвестиции за да продолжи да работи на насловот.
Потоа следеше втора, успешна кампања на Kickstarter која обезбеди средства за работа на играта, во која наскоро ќе можеме да уживаме.