Apple подготвува нов настан за 13 октомври, на кој ќе претстави уреди од својата „smart home“ линија.
Иако конкретната палета на производи сè уште не е потврдена, очекувањата се насочени кон уред од типот „HomePad“ или „Home Hub“, звучникот HomePod mini 2 и новиот Apple TV 4K.
Компанијата го потврди настанот под слоганот „Welcome home“ (Добредојдовте дома).
Welcome home. October 13. https://t.co/ChelGSDOTI
— Greg Joswiak (@gregjoz) October 8, 2026
Се очекува сите три споменати производи да ја поддржуваат најновата верзија на можностите на вештачката интелигенција на Siri.
„HomePad“ или „Home Hub“ ќе има квадратен екран со дијагонала од шест инчи и ќе доаѓа во две верзии: една наменета за поставување на маса или кујнска работна површина и друга за монтирање на ѕид. Во суштина, тој ќе се состои од вграден звучник и екран прикачен на метален држач.
HomePod mini 2 и новиот Apple TV 4K се долгоочекувани уреди; оригиналниот HomePod mini беше претставен во 2020 година, додека најновиот модел на Apple TV 4K пристигна во 2022 година.






