Google ја продолжи серијата видео реклами под ознаката „#BestPhonesForever“.

Овој пат, добивме „страшна приказна“ за тоа колку ќе бидат прекрасни претстојните телефони Pixel 8 и Pixel 8 Pro со вештачка интелигенција на 4-ти октомври.

Сепак, не се работи за тоа, туку за начинот на кој Google ја „пецна“ конкуренцијата, претставувајќи „разговор“ помеѓу iPhone 15 Pro и претходната серија, Google Pixel 7 Pro.

Во огласот се наведува дека iPhone „штотуку добил второ копче за исклучување звук и нова порта за полнење“, па според нив, „iPhone е нервозен поради можноста Pixel 8 Pro да биде поиновативен и да ја добие најдобрата вештачка интелигенција“.

Во видеото, iPhone вели дека е „исплашен дека луѓето само ќе зборуваат за телефоните Pixel 8 и нивниот одличен дизајн, па целото внимание ќе биде насочено кон нив“.

Овде Google очигледно решил да си поигра со тоа што во многу земји се снимале редовите на оние кои чекаат да го купат новиот iPhone, односно да се исмеваат со оглед на критиките кои веќе се појавуваат.

Се разбира, овие реклами (хаштагот #BPF треба да потсетува на #BFF, или „најдобри пријатели засекогаш“) се наменети да бидат забавни и добродушни, но не можеме, а да не почувствуваме дека Google го напаѓа Apple каде што знае дека ќе ги заболи.