Американската компанија SpaceX успешно ја лансираше ракетата Falcon 9 со нова тура микросателити Starlink, се вели во соопштението на веб-страницата на компанијата.
Лансирањето беше минатиот петок, од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, и се случи во 14:40 часот по локално време, а 46 микросателити беа лансирани во ниската земјина орбита, пренесува Танјуг.
По фазата во која сателитите ќе се одвојат од Фалкон 9, леталото ќе се врати на земјата, а првиот степен од ракетата веќе е искористен во девет лансирања.
Мрежата Starlink е создадена за да обезбеди пристап до Интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми.
SpaceX, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вкупно 11.000 сателити и нивното ставање во функција ќе чини 10 милијарди долари.
Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Starlink во орбитата, пренесе ТАСС.