Смартфонот Realme GT ќе се продава на европскиот пазар, а сега се познати цените. 

Фотографии од Realme GT се појавија на интернет и го откриваат изгледот на верзијата на уредот, наменета за купувачите во Европа.

Realme GT на Стариот континент ќе чини 400 евра и тоа за верзијата со 8 GB RAM и 128 GB, додека за верзијата со 12GB RAM и 256GB интерна меморија ќе биде потребно да се издвојат 450 евра. Можно е дека цените на овие уреди ќе бидат повисоки или пониски за 20 евра.

Се очекува дека ќе има 6,43-инчен OLED екран со фреквенција на освежување од 120Hz, батерија од 4.500 mAh, жичано 65W полнење, примарна камера од 64, ултраширока од 8 и макро од 2 MP, стерео звучници и друго.

Според најавите, Realme GT ќе стане “убиец на флегшип моделите”.