Виетнамскиот PC модер, Nhenhopach пред неколку дена на јавноста и претстави единствен PlayStation 5 со водено ладење, а се е спакувано во модерен дизајн, кој оваа конзола ја направи уште поатрактивна и повеќе „гејмерска“.

Nhenhopach го расклопи PlayStation 5 до најситни детали, а потоа постоечкиот систем на ладење го замени со водено ладење, каде што освен работата со пластиката, имаше многу труд околу тоа системот да функционира.

Во timelapse видеото што го објави на својот канал, Nhenhopach го објави целиот процес на водено ладење, но и креирање на кутијата на Playstation 5 конзолата, која била неопходна да се спакува воденото ладење.

Иако се работи за проект што е единствен, виетнамскиот PC модер најави и можна продажба на овие модификувани конзоли, доколку тоа му го дозволи PlayStation, но факт е дека би чинеле многу повеќе од актуелната цена од 400 долари.

Освен што конзолата ја надгради со водено ладење, овој модер во неа вгради и RGB LED осветлување, кое дава посебен впечаток при самото гледање, додека со воденото ладење постигна подобра работа на процесорот и потивка работа на конзолата.