Неодамна имавме прилика да следиме ретка астрономска појава со Јупитер и Сатурн, но тоа не е единствениот феномен на кој посведочивме деновиве.

Телескопот Хабл неодамна сними ефект на гравитациска леќа кој претставува совршен пример за „Ајнштајновиот прстен“.

Официјалниот назив на оваа појава е GAL-CLUS-022058s, но попознат е како „растопен прстен“.

Снимката го прикажува јужното соѕвездие во кое светлината од многу далечна галаксија се свиткува околу многу поблиска група галаксии, пишува Universe Today.

Енда од предностите на гравитациската леќа е тоа што овој феномен им овозможува на научниците подобро да ги проучат одделечените галаксии, кои инаку на нас би ни биле невдливи.

Со својата гравитација поблиску до масивните галаксии го искривуваат временско-просторното изразување и така го свиткуваат патот на светлината слично како што тоа го прават леќите. На тој начин делуваат како природни космички телескопи.

Во својата општа теорија за релативноста Ајнштaјн претпостави постоење на вакци гравитациски леќи. За проучување на галаксиите ваквите објекти се идеални, затоа што се многу оддалечени за да може да се видат без овој ефект.