Докторите даваат одговор на многу важно прашање!
Луѓето кои имале анафилактички шок и кои имале алергиска реакција на пеницилин се наоѓаат во голема недоумица дали можат или не можат да примат вакцина против коронавирусот.
Во соседна Србија на оваа тема разговараа докторите Миланко Шеклер и Срџа Јанковиќ.
„Смеат, но со зголемена доза на претпазливост. Тоа значи дека наместо 15 минути по вакцинацијата, колку што се препорачува да останат во близина на пунктот за имунизација, да останат еден до два часа“, вели д-р Шеклер и напоменува дека секоја личност треба да остане во близина на вакциналниот пункт, но не токму на истото место за да не биде изложена на концентрацијата од вакциналните честички кои се наоѓаат во воздухот.
„Доколку личноста не е алергична на компонентите кои ги содржи самата вакцина против корона, не постои причина да не ја прими“, додава д-р Јанковиќ.
Тие им порачаа и на нивните колеги лекари и медицински сестри овие проблематични случаи, односно луѓето со алергии и кои некогаш доживеале анафилактичен шок, да не ги враќаат дома, туку детално да ги испитаат, бидејќи најголема е веројатноста дека можат да примат вакцина против COVID-19 без разлика на нивната специфична ситуација.
Извор: Srbija Danas