Извршниот директор на Honor, George Zhao во интервју за кинески медиум откри некои од предизвиците кои сега се пред независната компанија, како и плановите се иднината. Honor веќе се здружи со Qualcomm за развој на смартфон со Snapdragon 888 чипсет, кој ќе биде дел од Magic серијата.

Она што најмногу се истакна во текот на интервјуто е тврдењето дека новата Honor Magic линија премиум телефони има потенцијал да ги надмине Huawei Mate и Huawei P линиите.

Жао открива дека одвојувањето од Huawei е одработено на многу учтив начин, со испраќање и говор на Рен Женгфеи, Извршен директор на Huawei. Сега брендот продолжува по сопствен пат и веќе преговара со AMD, Intel и другите американски компании во врска со претстојните Honor Magicbook лаптопи

Директорот на Honor спомена дека новите уреди ќе имаат подобри камери и процесоркса сила, а тимот сега соработува со екстерните партнери како што се Qualcomm и Google и не се потпира само на сопствените ресурси, како што е тоа случај со Huawei.