Под притисок од електрификацијата, но и од се поизразената SUV манија, Porsche ќе мора да донесе тешки одлуки. Меѓу нив е лансирањето на нови модели, кои ќе вклучуваат нови теренци. Еден од нив е скриен зад ознаката К1.
K1 е проектен SUV со три реда седишта, што значи дека ќе биде поставен над Cayenne. Ова за AutoNevs го потврди неименуван претставник на Porsche од САД.
Друг човек кој го видел предлогот за дизајн вели дека К1 носи „нов дизајн кој е дел седан, дел кросовер“. Други изјавија дека моделот „не личи на Porsche“, со „рамен заден дел, воопшто не како Macan и Cayenne“.
Многумина претпоставуваат дека Porsche оди во правецот што веќе го зазеде Peugeot со моделот 408, но и Volvo со XC90 што допрва треба да пристигне. Новиот модел се очекува да користи технологија од Mission R, која вклучува систем од 920 волти и електричен мотор со ладење со масло.
Минатата година, Porsche претстави голем број концепти, вклучително и Vision Renndienst идејата за миниван, за која рече дека нема да влезе во производство, без разлика колку спортски изгледа. Миниван нема, но барем уште еден SUV очигледно ќе има. И веројатно до 2026 година.
„Посебно таргетираме повисоки сегменти и се обидувам да реализирам нови можности за продажба“, рече Оливер Блуме, додавајќи дека доаѓа „многу спортска интерпретација на теренецот“.