Ги покануваме сите родители и деца од 3-10 години да се вклучат во креативниот предизвик – ЕДУИНО ИГРАТОН. Учествувајте со цел создавање на прекрасни семејни спомени и поттикнување моменти на учење и забава заедно со вашите најмили.

Веруваме дека креирањето спомени заедно со вашите деца е совршен момент да споделите убав момент на забава и учење преку ЕДУИНО Игратон.

За учество во ЕДУИНО игратонот и повеќе информации, прочитајте на следниот линк: https://www.eduino.innovationlab.mk/igraton/

Забавните активности за домашни услови вклучени во ЕДУИНО Игратон се: Мозаик, Игра со кругови, Геотабла, Волшебно другарче, Градина во домот, Правиме музика и Пронајди го листот!

На ЕДУИНО Игратонот ќе има симболични подароци кои ќе се доделат преку лотарија, со извлекување на 12 добитници, одбрани по случаен избор врз база на пријавите добиени и испратени преку формата, а објавени преку јавен и транспарентен настан.

Се надеваме дека ќе креирате прекрасни семејни спомени, со многу насмевки и учење заедно со вашите деца.

Ве охрабруваме да ги погледнете и останатите 150 активности во секцијата Активности и игри на колективниот портал за дигитални содржини ЕДУИНО, или на овој линк: https://bit.ly/2IPXf4r

ЕДУИНО колективниот портал за дигитални содржини има за цел да прерасне во дом на голем број материјали и игри за едукација. Па затоа, ајде заедно да креираме и да се забавуваме.