Елон Маск, извршниот директор на Tesla, изјави дека размислува да ги напушти сите работни

„Размислувам да се повлечам од мојата работа и да станам инфлуенсер со полно работно време“, напиша Маск на Twitter без да даде дополнителни објаснувања.

Според Reuters, не е јасно дали Маск бил сериозен за она што го напишал.

Маск, кој исто така е основач и извршен директор на SpaceX и го води стартапот Neuralink и The Boring Company, во јануари изјави дека смета дека ќе биде извршен директор на Tesla „неколку години“.

„Би било убаво да имам малку повеќе слободно време наместо да работам цел ден и ноќ; седум дена во неделата, од моментот кога ќе се разбудам до спиење. Тоа е прилично интензивно“, рече Маск тогаш.

Минатиот месец тој ги праша своите следбеници на Twitter дали треба да продаде 10% од својот удел во Tesla, на што повеќето одговорија потврдно. Потоа продаде акции во вредност од речиси 12 милијарди долари.