После само две седмици, Cyberpunk 2077 видео играта е продадена во повеќе од 13 милиони примероци, соопштија од CD Projekt Red.
Овој резултат е фантастичен, посебно ако се земат во предвид критиките поради бројните багови и проблеми со графиката кај конзолите PlayStation 4 и Xbox One кои доведоа и до тоа Sony да ја повлече играта од својата PlayStation онлајн продавница.
Сп 13 милиони продадени примероци, Cyberpunk 2077 е една од најпродаваните видео игри оваа година и полека се искачува на листата со 50 најпродавани видео игри на сите времиња.
Интересно е тоа што Cyberpunk 2077 засега не е најпродаваната игра на CD Projekt Red, со оглед на тоа што The Witcher 3: Wild Hunt е најпродавана игра на ова студио со 28 милиони примероци.
Со одличниот маркетинг од ова студио успеаа да обезбедат дури 8 милиони нарачки пред играта и официјално да биде пуштена во продажба, па според проекциите, само за 3 часа ги вратиле парите кои биле вложени во изминатите години.
Секако, бројката на продадени примероци на Cyberpunk 2077 се очекува да продолжи да расте како што ќе расте и продажбата на новите конзоли на Sony и Microsoft, а секако и откако CD Projekt Red ќе ги „среди“ сите недостатоци во блиска иднина.
Извор: Klix.ba