Играта Halo Infinite ќе излезе во декември.

Станува збор за новата игра во популарната и долготрајна Microsoft франшиза која на гејмерите ќе им биде достапна од 8 декември. Компанијата официјално го потврди овој датум и објави нов трејлер.

Microsoft планираше да ја објави Halo Infinite на пазарот заедно со конзолите Xbox Series X и S во ноември 2020 година, но играта беше одложена за овој есен поради пандемијата на коронавирус. Сега е познат официјалниот датум кога ќе биде претставена.