Анонимните табови во веб-прелистувачот Chrome за iOS ќе станат уште потајни со можноста за заклучување со Face ID, пренесува The Verge.

Google ја тестира новата опција за приватност во својот веб-прелистувач Chrome во најновата Chrome iOS бета 89 верзија. Како што пишува во белешките за ажурирањето, кога ќе се вратите во апликацијата Chrome, анонимните табови ќе бидат заматени се додека вашиот идентитет не биде потврден со Face ID. Оваа функција ќе може да биде вклучена во делот за приватност во Settings,, но моментно е сè уште во рана фаза на тестирање.

Се очекува новата надградба на Chrome да биде објавена на почетокот на март, но не е потврдено дали поддршката за Face ID ќе биде подготвена навреме. Да потсетиме дека Google го поддржува и Touch ID за постарите уреди на Apple, а Samsung веќе извесно време со својот таен начин на работа им овозможува на корисниците заклучување на табовите со препознаваање на лицето или отпечатокот од прст.