Уште од Чарлс Дарвин, биолозите биле заинтересирани за тоа како животните преселници, како што се морските желки, се ориентираат на илјадници километри долги патувања низ отворен океан.

Новото истражување сугерира дека некои од желките немаат поим каде одат. Анализата на меѓународен тим научници ги мапираше движењата на желките (Eretmochelys imbricata) додека пливаа од нивните гнезда во архипелагот Чагос до местото за хранење, исто така во Индискиот Океан.

Истражувањата покажаа дека желките често користеле заобиколување при мигрирање на кратки растојанија, што укажува на тоа дека навигациското чувство на овие животни на море е релативно недоволно развиено.

Желките обично патувале двојно повеќе од растојанието што им било потребно за да стигнат до локацијата што ја сакале. Една желка препливала дури 1.306 километри за да стигне на остров оддалечен само 176 километри, пренесува Гардијан.