Заедно со Simens, Porsche тргнува со пилот-погон за производство на синтетички горива во Чиле

Simens и Porsche стартуваат со пилот-фабрика во Чиле за производство на синтетички горива со помош на регенеративна енергија. Проектот е финансиран од германското сојузно Министерство за економија со осум милиони евра како дел од националната стратегија за водород. Двете компании инвестираат околу 20 милиони евра во проектот. Според Simens, само изградбата на централата ќе чини околу 30 милиони евра, додека зелениот водород ќе биде основа за производство на синтетички горива.

Фабриката во јужниот дел на Чиле ќе биде првата интегрирана и комерцијално голема фабрика во светот за производство на климатски неутрални е-горива. Првиот човек на Porsche, Оливер Блуме, предностите на е-горивата ги гледа во нивната лесна употреба, бидејќи може да се користи постоечката мрежа на бензински пумпи.

Фабриката се очекува да произведе околу 130.000 литри е-гориво во 2022 година. Капацитетот ќе се зголеми на околу 55 милиони литри е-гориво до 2024 година и на околу 550 милиони литри е-гориво годишно до 2026 година. Porsche има намера овие горива првично да ги користи во мотоспортот, а во иднина и за погон на своите спортски автомобили како легендарниот 911. Очекувањата се овие е-горива да може да конкурираат на другите горива како со текот на времето ќе се зголемува производството, а со тоа и дополнително ќе се намалуваат трошоците.

Со мешање на водород добиен со електролиза како клучен елемент и јаглерод диоксид, кој може да се извлече од атмосферата или други индустриски процеси и други елементи, се добива синтетичко гориво. Вкупните емисии на штетни гасови во целиот процес на производство и потрошувачка се минимални. Зошто фабрика во Чиле? Бидејќи таму има многу ветер, што ќе го олесни извлекувањето на СО2 потребен за производство на гориво. Во првата фаза, цената на еден литар гориво ќе биде помеѓу две и три евра (пред оданочување), но таа треба да падне со зголемувањето на производството.

Извор: Додај Гас