Windows 11 пристигнува со нов кориснички интерфејс, а за да одговара на новиот оперативен систем, свеж UI редизајн добива и Microsoft Office.

Ажурирањето за Office интерфејсот им е достапно само на Windows инсајдерите во текот на бета тестирањето, а подоцна во текот на годината ќе биде достапно за поширок број корисници.

Измените кои ги имплементира Office вклучуваат позаоблен изглед на елементите кој се поклопува со Windows 11 естетиката, а некои копчиња се преработени за сите Office апликации. Microsoft оригинално планираше да имплементира командна лента, но таа не е достапна во ова ажурирање.

Можно е дека Microsoft постепено ќе уфрла повеќе измени и преработени карактеристики во следните месеци, пред конечната објава на софтверот.

Microsoft на стартот истакна дека ќе бидат потребни до две години пред редизајнот на Office да биде комплетиран, така што и по објавата на Windows 11, некои функции ќе бидат во процес на редизајн.