Онлајн настан организиран од Women in Tech Macedonia
На 7. март со почеток во 18:00 часот ќе се одржи онлајн настан на тема The BigData, the Machine Learning and the Cloud, во организација на Women in TechMacedonia. Бидете во тек со најновите трендови за Big data, бази на податоци, важноста на Data Management, вештачка интелигенција и машинско учење и како тие може да го променат текот на еден проект, бизнис идеја и компанија.
Во 90 минутен разговор професионалните искуства и предизвици ќе ги споделат три панелистки од индустријата со интернационално искуство во Big Data, Machine Learning & Cloud:
- Александра Манолчева е тим лидер кој презема иницијатива и креативен социјален активист. Таа моментално работи како главен инженер за бази на податоци и Python девелопер во Sample Solutions и главен оперативен директор во Ways2Help.
- Мишел Муцунска е научник за податоци/инженер за машинско учење во Data Masters. Таа моментално работи во доменот на финансиите и банкарството и развива модели за машинско учење за да процени и предвиди дали компанија или поединец што побарува финансирање ќе биде во можност да го врати истото во иднина.
- Дијана Ефтимова е инженер за податоци во Slice со целокупно искуство во светот на Big Data скоро 5 години. Таа работи на поставување и одржување на бази за податоци каде што главната цел е да се добијат вистинските податоци во вистинското место и навреме.
Настанот е бесплатен и онлајн достапен за сите заинтересирани. На истиот ќе следат и повеќе награди обезбедени од компанијата Slice. Регистрирајте се на линкот и дознајте кои се техничките предизвици во оваа сфера. Вашите прашања ги очекуваме на формата за поставување на прашања пред настанот.
Доколку сакате да бидете дел од Women In Tech, приклучете се кон заедницата тука.