Кинескиот производител на електрични возила Xpeng планира до 2024 година масовно производство на летечки автомобили чија цена нема да биде над 157.000 долари.

Оваа кинеска стартап компанија претстави прототип на возилото X2 развиен од HT Aero, подружница на компанија специјализирана за летечки автомобили.

Во извештајот на порталот TechCrunch се вели дека компанијата Xpeng дури минатата недела обезбедила преку 500 милиони долари од инвеститорите за овој производствен проект, пренесува магазинот Insider.

Летечкиот автомобил се контролира на мала надморска височина со волан за возење по патишта и една рачка за режим на летање.

На веб-страницата Xpeng се наведува дека X2 може да прими две лица, има ротори кои можат да се склопат кога возилото е во режим на патен сообраќај и се проширува кога лета, како и дека максималното време на летање е до 35 минути.