Новата студија на американските научници предвидува дека SARS-CoV-2 вирусот што го предизвикува Ковид-19 со текот на времето ќе стане сè помалку заразен, ќе се појавува сезонски, заедно со останатите патогени од семејството коронавируси, кои предизвикуваат благи настинки.

Ова ќе се случи тогаш кога вирусот ќе прерасне во ендемски вирус, тогаш кога нема да предизвикува масовна инфекција и тешки заболувања.

Нивната студија е објавена во научното списание Science.

„Кога вирусот ќе дојде во таква ендемска состојба зависи од брзината на неговото ширење и брзината на вакцинацијата“, изјави главната авторка на истражувањето Џени Лавин од Универзитетот Emory.

Таа додала дека потребно е да се вакцинираат што повеќе луѓе и тоа во што пократок период.

„Кога поголемиот дел од луѓето ќе стекнат имунитет на Ковид, по природен пат на инфекцијата или пак преку вакцинацијата, коронавирусот ќе биде изложен на помалите деца, но тогаш тие ќе се разболуваат во поблаг облик“.

Истражувањето е направена врз основа на шест човечки коронавируси, од кои што четири редовно се шират меѓу луѓето и предизвикуваат поблаги симптоми.

Извор: N1info.com