Студија на лондонскиот колеџ Империјал за новата варијанта на вирусот корона што се шири во Велика Британија откри дека брзината на ширење на епидемијата, односно бројот на Р, е помеѓу 0,4 и 0,7.

Тоа значи дека на секои 10 заразени лица најверојатно ќе заразат помеѓу четири и седум лица доколку имаат нова варијанта на вирусот, објави Би-Би-Си.

„Не звучи многу, но разликата е прилично голема“, рече професорот за BBC Radio 4.

Според него, во услови на ноемвриска блокада, стапката на репродукција била околу 0,9 кога станува збор за старата варијанта, што би значело дека во текот на две до три недели бројот на случаи се намалува за околу 30 проценти, додека со новата варијанта тие тројно ќе се зголемат .