Домашните животни би можеле да бидат главни преносители на COVID-19 во наредната фаза од ширењето на вирусот. Ова го вели еден од главните научици кои работеа на создавањето на руската вакцина.

Александр Гицбург, директор на московскиот Гамалеја институт, кој ја создаде вакцината Спутник V, за денешното издание на московскиот дневен весник Известия предупредува дека вирусот може да стане многу позаразен и да се шири преку нова група на потенцијални преносители.

„Коронавируст сѐ уште го нема достигнато својот патогенски потенцијал. Наредната фаза е инфекција на миленичињата и животните на фармите. Додека годинава се обидуваме да го заштитиме човештвото со помош на вакцини, миленичињата ќе се инфицираат за тоа време, а никој нема да се ослободи од својот крзнен пријател“, вели Гинцбург.

„Поради тоа, фокусот на овој патоген цело време ќе биде околу нас и ќе продлжува да еволуира. Сакам да кажам, мораме да бидеме подготвени дека долго време ќе живее помеѓу нас“, додаде тој.

„Убавината на тоа како еволуцијата создава нешто совршено, макар било и нешто негативно, ме изненадува и ме воодушевува. Ако би ја нацртале најлошата инфекциска закана по човештвото, тогаш COVID-19 би бил тоа што би го добиле… А, природата не само што го измисли, туку и го создаде“, завршува Гинцбург.

Новите мутации во патогенскиот генетски код, како оние откриени во Обединетото Кралство, Бразил, Јужна Африка и Русија, ја ставија под знак прашалник ефикасноста на вакцините против новите совети. Создавачите на Спутник V, сепак, тврдат дека нивната вакцина е ефективна против сите досега појавени соеви.