Кинески производител произведде матична плоча, која ја имплементира старата DDR4 меморија, како и најновиот DDR5 стандард за меморија,

Компанијата Onda, на матичната плоча Onda 610M+ вметна два DIMM слота, од кои едниот прифаќа DDR4 RAM, додека другиот е наменет за DDR5 модули. Двата DIMM слота се со различна боја – црни за DDR5 RAM, додека другиот е за DDR4 меморија.

Иако имаат ист број пинови (по 288), разликата помеѓу двата мемориски стандарди е што имаат различни клучеви за модулите, па затоа не се компатибилни со истите DIMM слотови.

Integrated Memory Controller (IMC) на 12-та генерација на процесорите Alder Lake на Intel поддржува и DDR4 и DDR5“меморија, а придружниот слот за  LGA1700 600 чипсетот доаѓа во две различни верзии.

Некои од овие плочи поддржуваат RAM од следната генерација, додека други поддржуваат само DDR4 модули.

Компанијата Onda сега е меѓу првите што претстави матична плоча која ги поддржува двата мемориски стандарди.

Извор: B92.net