DuckDuckGo преку Twitter го нападна Google поради количината на податоците, кои наводно ги собира за да ги шпионира корисниците.
Во последно време сѐ повеќе се зборува за приватноста на корисниците при сурфање на интернет. Apple сака да покаже колку се грижи за овој сегмент, па неодамна објави дека нивните корисници ќе изберат со кого ќе ги споделуваат своите податоци, како и кои податоци ќе ги споделат. Исто така, апликациите во нивната онлајн продавница мора да бидат транспарентни во однос на податоците што ги собираат од корисниците.
After months of stalling, Google finally revealed how much personal data they collect in Chrome and the Google app. No wonder they wanted to hide it.
⁰
Spying on users has nothing to do with building a great web browser or search engine. We would know (our app is both in one). pic.twitter.com/lJBbLTjMuu— DuckDuckGo (@DuckDuckGo) March 15, 2021
Со цел да бидат во чекор со ривалите, Google исто така реши да биде потранспарентен, па објавија детали во врска со апликацијата Gmail и пребарувачот Google, кои се однесуваат на приватноста на корисниците и податоците што ги собираат.
Челниците на пребарувачот DuckDuckGo решија да ја искористат оваа ситуација за да го критикуваат Google и „неверојатната количина на податоци“ што ги собираат од корисниците. На социјалната мрежа Twitter тие коментираат дека „не е чудно што Google со месеци го одложува објавувањето на податоците, со оглед на тоа што сѐ објавија“.
Тие исто така рекоа дека шпионирањето на корисниците нема никаква врска со развојот на добар интернет прелистувач или пребарувач, и како доказ, се разбира, ги понудија своите производи.
Разликата помеѓу податоците собрани од DuckDuckGo и Google најдобро се гледа на фотографијата објавена од DuckDuckGo, на која се прикажани сите податоци што луѓето се согласуваат да ги дадат кога користат ги користат пребарувачот Google и прелистувачот Google Chrome.