Илјада објекти кои ги направиле луѓето, а од кои поголем дел немаат никаква функција, се наоѓаат во орбитата на Земјата.

Бескорисните објекти, односно вселенскиот отпад, претставува опаснлост за функционалните сателити кои се користат за различните услуги како GPS и временската прогноза, бидејќи постои можност на судир.

За да го следат и предвидат „однесувањето“ на вселенскиот отпад, професорот Мориба Јах и неговите колеги го направија AstriaGraph, речиси reel-time мапа која го прикажува секој од објектите во вселената.

Јах откри дека системот моментно следи околу 200 големи ракетни тела, кои би можеле да се распаднат на илјада делови и се сметаа со „темпирани“ бомби. Инаку, научниците го следат повеќе од 26.000 индивидуални објекти, а нивната големина е различна.

Околу 3.500 објекти кои се следат се всушност функционални сателити, додека сето останато е вселенски отпад. Количината на вселенскиот отпад се зголемува од педесеттите години од минатиот век.