Новите генерации кои што допрва треба да дојдат и да уживаат во сите благодети кои ги нуди светот, едноставно нема да веруваат што ги снашло.
Доколку треба да им веруваме на научниците, а сè поочигледно е дека ќе биде така со оглед на тоа што моментално се случува, до 2100 година климата толку многу ќе се смени, што летото би можело да трае и до шест месеци.
Тоа би се случило како последица на големото влијание на климатските промени, а летото дури и сега трае 17 дена подолго во однос на 1952 година, а зимата е пократка за три дена.
Доколку глобалното загревање продолжи со истиот овој интензитет, тогаш многу е очигледно дека за жителите на северната хемисфера зимата ќе трае само два месеци.
Тоа ќе има долгорочни последици по цела планета. Ќе биде загрозено земјоделството, а ќе се промени и однесувањето на животните.
Научнциите предупредуваат дека во северната хемисфера би можело да има појава на комарци која што со себе може да донесе и тропски зарази.
Меѓутоа, тоа е можно да се спречи доколку се намали емисијата на штетните гасови. Потребно е до 2030 година за 45 отсто да се намали емисијата на јаглерод диоксид кој што го произведува човекот.
До 2050 година потребно е целосно да не постои емисијата на јаглерод диоксид кој што го произведува човекот.
Извор: Objektiv.rs