Иако TikTok изгледа како незапирлива машина за забава, барем еден дел од понудата на компанијата не работи како што се очекуваше.

Популарната платформа, наводно, ги напушта плановите за купување во живо на европскиот и американскиот пазар. Како што пренесуваат странските медиуми, раните тестови на оваа услуга не вродиле со плод.

TikTok ја тестира функцијата „live shopping“ во Британија од минатата година, а се почна со настанот за повеќе брендови наречен „On Trend“ во декември. Сепак, наскоро стана јасно дека лајвстрим купувањето не привлече доволно внимание и публика, продажбата беше слаба и некои креатори целосно го напуштија проектот.

Компанијата планираше да го лансира Shop во Германија, Франција, Италија и Шпанија, како и во САД подоцна во текот на годината, но во меѓувреме беше потврдено дека моменталниот фокус е само на проектот во Британија да заживее и на крајот го направи успешен.

Купувањето онлајн во живо, предводено од креатори и инфлуенсери, теоретски би можело да биде голем деловен проект за ByteDance, компанијата која е сопственик на TikTok. Douyin, кинеската верзија на TikTok (која исто така е во сопственост на ByteDance) ги претвори овие продажби во живо во големи културни настани, носејќи им бизнис на продавачите, креаторите и платформите.

Досега, сепак, нема многу докази кои сугерираат дека моделот на шопинг во живо ќе биде успешен насекаде. TikTok е популарна апликација, на која голем број луѓе трошат многу време и трошат пари, па се очекува платформата да најде начин да привлече поголемо внимание за купување преку Интернет во живо.