Американскиот „невидлив“ борбен авион Lockheed F-117 е фотографиран во лет, по повеќе од десет години.

F-117 го сликаше фотографот Сантос Касерес, додека ја напушташе Воздушната база Нелис во Лас Вегас на 30. октомври во 15.40 часот.

 

Фотографиите јасно го прикажуваат американскиот „невидлив“ авион кој се употребуваше на почетокот на 80-те години од минатиот век, а официјално од служба беше повлечен во 2008 година. Направен е од материјал кој го прави скоро невидлив за радарите.

Меѓутоа, во изминатите неколку години F-117 е повторно активен, а примероци од овој модел се користат како поддршка во текот на воени вежби во Калифорнија.

Американската војска појасни дека авионот е повлечен од активна служба, но пилотите од Центарот за тестирање на воздушни сили сè уште го користат за ограничени активности.

Извор: Klix.ba