Закрепнувањето по коронавирусот, па дури и доколку сте имале полесна клиничка слика од вирусот, може да трае неколку седмици, па и месеци.
Поради тоа докторите препорачуваат личноста во периодот на закрепнување повеќе да одмора, да се храни здраво и да консумира витамин Д, Ц, цинк и магнезиум.
Освен тоа докторите советуваат и вежбање кое има цел да го подобри капацитетот на белите дробови за дишењето да стане полесно и подлабоко.
Со кои вежби да ги зајакнете вашите бели дробови по прележување на коронавирусот, советува д-р Предраг Радниќ.
„Ова е мал сет вежби за зголемување на капацитетот на белите дробови“, вели тој.
„Секоја вежба потребно е да ја повторувате неколку пати во текот на денот или пак онолку пати колку што општата состојба на вашиот организам ви дозволува. Престанете со вежбање доколку истото доведува до вртоглавица, болка во градите, ладна пот и аритмија“.
Наведените вежби може да се прават во лежечка, седечка или пак стоечка положба.
Ширење на лактите
Ставете ги вашите прсти зад вратот, а потоа вдишете длабоко и ширете ги вашите лакти, па издишете и полека донесете ги пред вашето лице. Повторувајте ја постапката неколку пати.
Кружење
Со испружени раце правете кружни движења во зглобовите на рамениците, така што вдишувањето ќе го следи подигнувањето на рамениците, додека пак издишувањето спуштањето.
Подигнување на рацете
Подигнувајте ги рацете над главата и во исто време длабоко вдишете. Задржете ја таа положба неколку секунди, па потоа издишете и спуштете ги рацете покрај вашето тело.
Извор: Novosti.rs