Мајкрософт со години им нудеше на новите корисници можност да купат претплати за Xbox Game Pass Ultimate и PC Game Pass за едно евро, но се чини дека на таа промоција и се ближи крајот.
Мајкрософт по долго време ја прекинува својата промотивна понуда која им овозможи на новите корисници да купат претплати за Xbox Game Pass Ultimate и PC Game Pass за едно евро.
„Ја завршуваме нашата претходна воведна понуда за Xbox Game Pass Ultimate и PC Game Pass и проценуваме различни маркетинг промоции за нови членови во иднина“, потврди шефот за комуникации на Xbox, Кари Перез за The Verge.
Затоа, новите корисници ќе бидат принудени да плаќаат Game Pass 9,99 евра или 12,99 евра месечно доколку се одлучат за Ultimate верзијата на претплатата. Досега можеа да го тестираат пакетот претплата на Мајкрософт за едно евро, што многумина го искористија правејќи нови профили секој месец.
Сепак, треба да се напомене дека евтините месечни пакети Game Pass сè уште можат да се купат преку страници на трети страни, па доколку новите корисници сакаат да работат малку повеќе, тие сепак можат да заштедат пари. Исто така, забележуваме дека Microsoft не кажа ништо за завршување на промоцијата на Xbox Live Gold to Game Pass Ultimate.