Новите iPad Pro модели станаа полнокрвни конкуренти на Apple лаптопите, бидејќи ќе работат на 16-јадрениот M1 чип на компанијата.

Покрај новиот редизајниран 24-инчен iMac во седум различни бои, „Spring Loaded“ виртуелниот настан на Apple ја донесе и новата генерација на iPad Pro. Најнапредниот таблет на Apple доживеа огромна хардверска надградба, која малку кој ја очекуваше. Новите iPad Pro модели сега ќе бидат полнокрвни конкуренти на лаптопите, бидејќи ќе работат на 16-јадрениот M1 чип на компанијата, кој се наоѓа и во Mac уредите. Како што беше истакнато за време на презентацијата, новиот чип значи и подобри перформанси – до 1500 пати побрзи графички перформанси со целодневно траење на батеријата.

Покрај тоа што е побрз, новиот iPad Pro поддржува и Thunderbolt конекција, но исто така и 5G. Подобрена е и предната камера која има TrueDepth што овозможува отклучување со помош на Face ID технологијата за препознавање на лицето. Новата предна ултра-широка камера од 12MP доаѓа и со нова опција – Center Stage, која овозможува автоматски да го следите лице додека снимате видео или при видео повик.

Новиот iPad Pro пристигнува во две верзии, со 11-инчен (LED дисплеј) и 12,9-инчен Mini-LED дисплеј со Liquid Retina XDR кој вклучува 10.000 мини LED диоди. Новиот iPad Pro доаѓа со Apple Pencil и Smart Keyboard тастаура кои се продаваат одделно, а цената на самиот уред се движи од 799 долари (за верзијата од 11 инчи) до 1.099 долари (за верзијата од 12,9 инчи) и ќе бидат достапни во средината на мај.

Покрај новите компјутери, Apple претставу и интересен додаток за кој се зборува подолго време – AirTag. Се работи за мали плочки (или копчиња) кои можат да се поставуваат на работи кои корисниците не сакаат да ги изгубат. Ако сè уште се изгубени, AirTags или предметите на кои се поставени може да се најдат со помош на апликацијата „Find My“.

Иако голем број слични производи можат да се најдат на пазарот, Apple тврди дека нивниот AirTag е посебен поради технологијата што ја содржи. Значи, покрај тоа што користи Bluetooth LE, NFC и долготрајна батерија, тој има и вграден звучник и акцелерометар.

Она што е посебно интересно е вградената опција за приватност, која треба да спречи злоупотреба на AirTags и нивна употреба за следење луѓе. Имено, iOS уредите можат да детектираат AirTag кој не е регистриран кај нив и да го предупредат корисникот дека е непознат AirTag во близина. Дури и ако некое лице нема iOS уред, AirTag открива дека не е близу до неговиот корисник и емитува звук за да привлече внимание. AirTags, тврди Apple, не снимаат локација или историја на локација на самиот уред и користат шифрирање за размена на податоци помеѓу AirTag и мрежата Find My.